Иран се противи на турската воена акција во Сирија, изјави иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавид Зариф во телефонски разговор со турскиот колега Мевлут Чавишоглу и апелираше на почитување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.
Зариф и Чавишоглу разговарале синоќа, откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека остава на оние кои се вклучени во сирискиот конфликт сами да ја решат ситуацијата, пренесува Слободна Европа.
– Турција, Европа, Сирија, Иран, Ирак, Русија и Курдите сега ќе мораат самите да ја решаваат ситуацијата и да решат што ќе направат со припадниците на Исламска држава во своето опкружување, надеве Трамп на неговиот Твитер.
Ова беше првата реакција на Трамп откако Белата куќа соопшти дека ги повлекува американските војници од североистокот на Сирија, со што, како што оценуваат агенциите, се отвора патот за турска воена офанзива против Курдите.