Најмалку двајца загинаа, а над 240 се повредени во силен земјотрес што го погоди подрачјето на Иран. Потресот бил почувствуван и во Багдад, објавија локалните медиуми, пренесе Ројтерс.
Иранската агенција „Тасним“ јави дека иранскиот град Керманшах, кој се наоѓа во близина на границата со Ирак, го погодил земјотрес со интензитет од 5,9 степени по Рихтер, по што следеле уште два последователни потреси со јачина од 3 степени.
Геолошкиот институт на САД објави дека е забележан земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтер, на околу 88 километри западно и северозападно од Керманшах.
Ирачката државна телевизија објави дека потресот бил почувствуван и во Багдад, но засега нема податоци за повредени.
Во ноември минатата година 530 луѓе настрадаа и над илјада беа повредени во земјотрес со јачина од 7,3 степени, кој ги потресе селата и градовите во иранската покраина Керманшах, долж планинското гранично подрачје со Ирак.