Свет 25. мај 2018. / 13:27

Ирачките сили со Ф-16 нападнале позиции на ИД (ВИДЕО)

Ирачките сили со Ф-16 нападнале позиции на ИД (ВИДЕО)

Авионите Ф-16 на ирачките воздушни сили извршиле напад на позиции на ИД во Сирија, соопшти вчера ирачката здржена оперативна команда.

Според соопштението, во нападот, погодени се позиции на ИД и складишта на подрачјето Хајин на источниот брег на реката Еуфрат.

Ова не е прв пат Ирак да бомбардира позиции на ИД во Сирија.

Овој напад е извршен во координација со Сириските демократски сили кои работат на тоа да ја заземат оваа област.