Свет 12. декември 2019. / 16:15

Инженер во Форд: Компанијата свесно вградувала „чкарт“ менувачи во Фиеста и Фокус

Инженер во Форд: Компанијата свесно вградувала „чкарт“ менувачи во Фиеста и Фокус

Сите во компанијата  Форд знаеја  за проблемот со менувачите вградени во автомобилите Фиеста и Фокус – од секторот за инженерство и развој на производи, па до одделот за истражување и дизајн , твдат  седум сегашни и поранешни  вработени кои работеле во развивање на овие модели, пишува USA Today.

„Рацете ми се валкани. Се чувствувам страшно“, се вели во изјавата на неименуван инженер, кој одигра клучна улога во развојот на овие популарни компактни автомобили, цитираше весникот.

Во текстот се наведува, на прашањето дали компанијата ги игнорирала раните предупредувања на своите експерти од Форд соопштиле дека возилата биле безбедни по претставувањето на ригорозните тестирања во текот на развојот

Според пишувањата на весникот , инженерот раскажал дека на вработените им било кажано да не бидат “неверен Том“ , и ако поставуваат прашата ќе бидат обвинети за бунт

“Затоа  наведнете ја главата и  поправете ја  работата (менувачот). Добрите луѓе се обидоа да го поправат. Но, вие не можете да одите против законите на физиката. Тоа е механичка катастрофа”, рече инженерот, осврнувајќи се на менувачот со двојна спојка DPS6 наречен “PowerShift “.

Менувачот е користен во два милиони продадени автомобили Фокус и Фиеста оваа деценија и стана предмет на масовни парници и истраги од страна на федералните агенции за измама.

Во јули 2018, судот во Лос Анѓелес додели отштета од 554 000 долари на сопственик кој го обвини Форд дека “на превара“ му продале Форд, со  DPS-6,  иако знаеле дека не може да се поправи.