Свет 05. април 2020. / 18:53

(ИНТЕРВЈУ) Франческо Џибелеј: Оваа криза е неуспех за Европската Унија!

(ИНТЕРВЈУ) Франческо Џибелеј: Оваа криза е неуспех за Европската Унија!

Во денешното интервју на „Лидер“ разговаравме со младиот италијански активист и политичар, Франческо Џибелеј, кој е претседател на институтот „Nazione Futura“.

Неговиот институт пред само неколку месеци ги собра најголем дел од лидерите на европската десница на конференција во Рим, на која гостуваа Матео Салвини и Виктор Орбан.

Со Џибелеј разговаравме за актуелната ситуација во Италија, која е најтешко погодена од пандемијата од вирусот „Ковид19“ и политичките реперкусии од истиот.

разговараше: Љупчо ЗЛАТЕВ

Љупчо Златев: Во ова интервју, разговараме со Франческо Џибилеј. Млад активист и политичар од Италија, претседател на конзервативен институт и тинк-тенк “Nazione Futura”. Франчесо, пред се како е ситуацијата моментално во Италија? Може да забележиме лоши бројки и слики кои се застрашувачки за нас тука во Македонија.

Франческо Џибелеј: Прво, драго ми е што го снимаме ова интервју. Ситуацијата во Италија како што веќе знаете, не е добра. Секој ден, стотици луѓе умираат, а во нашите болници особено во Северна Италија односно Ломбардија, регионот кај Милан, има многу луѓе. Болниците се полнат со луѓе секојдневно. Коронавирусот е раширен низ цела Ломбардија и низ останати битни региони во северот на Италија како Венето, Емилија Ромања, Пиемонте.
Сега, ситуацијата стана опасна во целата држава. Мораме да останеме дома. Нашата индустрија, нашите компании се затворени и за сега ситуацијата е тешка но од санитарен поглед. Големиот проблем тек ќе следи, а тоа е проблемот со социо-економскиот систем на државата како и воопшто целиот економски систем на ЕУ.

Љупчо Златев: Вие сте сега во Чезена или Рим?

Франческо Џибелеј: Во Рим, роден сум во Чезена, но живеам и работам во Рим.

Љупчо Златев: Можеме да видиме голема пропаганда на интернет особено во делот како италјанските политичари ги тргаат знамињата на ЕУ. Дали оваа криза ќе донесе до излез на Италија од ЕУ? Ќе излезете ли од ЕУ? Прашувам бидејќи ЕУ не покажа некоја посебна солидарност за Италија како што можеме да видиме на медиумите.

Франческо Џибелеј: Дефинитивно. Не знам дали Италија ќе излезе од ЕУ. Тоа што можам да го кажам е дека моментално ситуацијата во Италија е претешка. Пред 2-3 недели побаравме помош од ЕУ, но не добивме соодветен одговор. Морате да гледате од перспективата дека Италија е 3тата најголема држава во ЕУ. Нашата земја е основач на ЕУ. Во Италија живеат 60 милиони жители. Ние сме голема држава, а после БРЕГЗИТ, ние сме 3та најголема економија во ЕУ. Така, не само нашата влада туку сите италијански граѓани бараат помош од ЕУ. Не сме добиле соодветен одговор, а слушнавме ужасен говор од Кристин ЛаГард, претседателката на ЕЦБ. По одговорот, нашиот берза во Милано доживеа најлоши резултати на сите времиња.
Сега, можеби ситуацијата ќе се смени бидејќи коронавирусот се прошири и во други држави како Германија и Франција, но што ќе оставиме во ЕУ е поделба. Од една страна ќе биде Медитеранската група на држави како Италија, Шпанија, Португалија, Франција. Од другата страна имаме камп на северени држави како Германија, Полска, Балтичките држави, Данска… Бараме заеднички долг за целата европска унија, а не посебно за државите, специјално за вакви вонредни ситуации.

Љупчо Златев: Не ви го дозволија тоа?

Франческо Џибелеј: Не, тие сакаат да ги прифатиме условите на ЕУ механизмот за стабилизација. Но, знаеме дека доколку ги прифатиме тие услови на ЕУ механизмот за стабилизација и прифатиме пари од истиот, за Италија ризикот ќе биде уште една “Тројка” како примерот со Грција пред 10-12 години. Така што, сакаме споделен долг за оваа вонредна ситуација. Не сакаме италијанскиот долг да го дели и Германија во нормална ситуација, ова не е нормална ситуација. Ова е здравствена вонредна состојба и секој ден стотици луѓе умираат низ Европа. Треба долгот да биде заеднички на сите земји.

Љупчо Златев: Европската Унија е интернационален проект, но во време на криза сите се грижат за своите граници, своите граѓани и својата економија. Дали е ова вистинскиот дух на ЕУ? Во првата криза, сите почнаа да си гледаат за себе и своите држави, никој не бара глобално решение, европско решение за коронавирусот. Ни од здравствен ниту од економски поглед, а ова ќе донесе и до голема депресија во европската економија.

Франческо Џибелеј: Мислам дека оваа криза е неуспех за Европската унија, а победа на суврените и националните држави. Затоа што помошта при кризата кај нас дојде од државните институции. Исто во другите држави. После неколку фази на кризата во Италија, збориме за пред 3-4 недели, владите на Австрија и Словенија веднаш ги затворија нивните граници и границата со Италија без воопшто да не известат. Тоа е нивна суверена одлука и е во ред, но ако веќе сме дел од ЕУ, зошто да е тоа така? Каде е ЕУ во вакви случаи? Каде е солидарноста на заедничките одлуки? Невозможно е како во Италија за време на комплетното затварање на се, на само 20 километри од нас во Франција се си работеше нормално. Ресторани, барови, се. Тоа не е нормално и е доказ дека во ЕУ немаме заеднички “проблеми” и одлуки за вакви ситуации. Дури денес, во некои држави како Шведска, луѓето се на улица. Таму ситуацијата е нормална. Тоа е неприфатливо!

Златев: Вие соработувате со европски политички партии како и италијанските од десиниот сектор. Пример, организиравте конференција со ЛЕГА, Фидес на Орбан, итн. Која би била позицијата на италијанските политички партии како ЛЕГА, Форца Италија или останатите после кризата? Што мислиш и што гледаш во иднина?

Франческо Џибелеј: Во Италија имаме 3 големи центар-десно партии. Едната е ЛЕГА предводена од Салвини, другата е Форца Италија предводена од Берлускони и останатата е Браќата од Италија на Џорџија Мелони. Сите овие центар-десно политички партии побараа помош од ЕУ и за „заеднички долг“ и сите центар-десно партии велат дека ние не смее да ги прифатиме парите од механизмот за стабилизација на ЕУ. Затоа што ако ги прифатиме овие пари за нашата земја ќе е катастрофално. Знаеме дека со прифаќање на овој фонд, ситуацијата ќе е ужасна како во Грција на времето. Но, ова не е само позицијата на Италија. Истата позиција ја дели и Шпанија и Португалија. Оваа позиција ја дели и Макрон. Проблемот во оваа ситуација е дека одлуката направена од Меркенл, Холандската и Данска влада. Но ова не е солидарност донесена врз заедничка одлука. Центар-десно партиите во нашата држава бараат заедничко европско решение. Ако не најдеме такво решение во ситуација кога илјадници умираат секој ден, прашањето кое останува е “Која е потребата од ЕУ”?

Љупчо Златев: Се води многу лоша пропаганда против Виктор Орбан. Левите либерални медиуми низ Европа велат дека Орбан воспоставил диктатура заради коронавирусот. Како ти гледаш на ова? Дали Орбан воспоставува диктатура?

Франческо Џибелеј: Мислам дека не е вистина. Ние имаме одлична соработка со Унгарија. Нашиот тинк-тенк работи со конзервативни тинк-тенкови и медиуми од Унигарија како и Универзитети. Јас разговарам со многу луѓе од Унгарија и читам вести и колумни и пред неколку дена напишав јас колумна каде што го оправдувам новиот закон донесен од владата на Орбан. Тој има мнозинство во парламентот, го спроведе законот преку парламент барајќи прогласување на вонредна состојба. Вонредната состојба е многу слична на италијанската.

Љупчо Златев: Да, слично е и во Македонија. Апсолутно слично. Истите одлуки. Сега владата е како парламент. Буквално исто.

Франческо Џибелеј: Морам да бидам искрен. Мислам дека во критиките кон Орбан, Џонсон па и Трамп, има политичка мотивација. Некогаш, левите либерални медиуми, “прогресивците”, либералните политичари ја напаѓаат владата на Орбан или Трамп само поради политичка мотивација. Мислам дека во ваква ситуација каде што луѓе умираат, не е приоритетно да се напаѓа некој лидер заради некој закон што го донел со цел справување со ситуацијата. Се работи за напад со чиста политичка позадина.

Љупчо Златев: Што понтака со вирусот? Сега Русија и Кина се покажуваат како големи хуманитарци, но знаеме дека Кина е всушност изворот на вирусот и делуваат многу лошо. Пример, докторот кој прв проговоре за вирусот, повеќе не е со нас. Но сега, тие покажуваат некаква хуманитарност. Истата ситуација ја гледаме со Русија. Тие ја користат ситуацијата да прикажат демек ја спасуваат Италија, ја спасуваат Европа…Дали Русија ја спасува Италија во моментов?

Франческо Џибелеј: Посто разлика помеѓу руската и кинеската ситуација. Сакам да се фокусирам на кинеската ситуација. Ти живееш на Балканот па знаеш повеќе од мене за кинеското влијание. Повеќе од мене го знаеш начинот на кој Кина инвестира премногу пари во Балканот, вашата држава, Албанија, Србија, а исто и во Грција со цел да ја „купат“ економијата. Потоа сакаат да ја „купат“ економијата и на големите држави како Италија, Франција, Германија и целиот Свет. Го знаеш начинот на кој кинезите делуваат. Преку soft power на почеток, но ова е всушност hard power бидејќи сакаат да навлезат во државите за почеток да помогнат, но потоа да го купат и добијат секој стратешки елемент во европските држави. Во Грција, го купија цело пристаниште во Пиреј, потоа изградија многу автопати во Србија. Во Италија инвестираа многу пари во пристаништето во Трст кое е едно од најбитните наши градови во Јадранското море. Значи, кога ќе видам помош од Кина велам „Благодарам на помошта, но не треба да заборавиме дека Кина не е демократија и начинот на кој тие делуваат“. Не треба поголема политика само заради моментална помош.