Индонезискиот суд го осуди некогашниот претседател на парламентот Сетју Нованто на 15 години затвор поради улогата во кражбата на 170 милиони долари државни пари, што е голема победа на антикорупционерската полиција на оваа земја.
Нованто им рекол на судиите дека ќе размисли за жалбата.
Во пресудата е наведено дека тој се збогатил преку злоупотреба на овластувањата и условите што ги стекнал благодарение на својата политичка положба.
Обвинителите тврдеа дека Нованто бил меѓу 80-тината службеници и неколкуте фирми што го искористиле воведувањето на системот на електронски лични карти во текот на 2011 и 2012 година за да проневерат повеќе од третина од предвидените средства.
Нованто за време на судењето ја негирал својата вина, но и го користел своето знаење за тој заговор за да обвини други политичари со цел да ја подобри својата положба.
Во скандалот можно е да се замешани и неколку други водечки политичари, вклучително и министри во владата на претседателот Џоко Видодо.