Свет 18. август 2018. / 11:50

Индонезија: Нов силен земјотрес

Индонезија: Нов силен земјотрес

Земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтер го погоди индонезискиот архипелаг.

Според американскиот Геолошки институт , епицентарот на потресот е на 153 километри североисточно од местото Раба на островот Сумбава , на длабочина од 564 километри.

Минатата недела подрачјето беше погодено од земјотрес со јачина од 7 степени , што предизвика големи оштетувања и однесе над 140 жртви.