Свет 12. септември 2018. / 10:20

Индија: Умерен земјотрес го погоди североисточниот дел

Индија: Умерен земјотрес го погоди североисточниот дел

Земјотрес со магнитуда од 5,5 степени ја погоди денеска североисточната индиска држава Асам, објави индиската сеизмолошка служба.

Засега нема извештаи за повредени или предизвикана штета.

Епицентарот на земјотресот забележан е во округот Кокрајхар на длабочина од 13 километри.

Тресењето на тлото се почувствувало во целиот регион, како и во источните држави, вклучително и Западен Бенгал и Бихар, наведуваат медиумите.