Полицијата во источна Индија уапси шест мажи обвинети за убиство на една жена и нејзините четири деца, бидејќи се сомневаа дека таа се занимава со вештерство, објави „Си-ен-ен“.
Петмина мажи од исто семејство, заедно со лекарот вештер на 24 јануари влегоа во домот на Мандре Мунда, во индиската држава Ориса, и со железна шипка ги претепаа до смрт неа и нејзините деца. Децата беа на возраст од 12, седум и четири години, а едно дете имаше само десет месеци.
Откако беа убиени, нивните тела беа фрлени во селскиот бунар.
Сторителите тврдеа дека жената практикувала црна магија и фрлила магии на нивното семејство, поради што 12-годишното девојче во нивното семејство се разболело и умрело во декември минатата година.
–Семејството отиде кај лекарот вештер Будхрама Мунда, кој им рече дека има вештерка во селото и дека девојчето починало поради тоа, изјави полицаецот Сушант Дас.
Наскоро се разболел друг член на нивното семејство и мажите одлучиле да ја убијат таканаречената вештерка.
Мажот на жртвата ја повикал полицијата откако враќајќи се дома го нашол домот празен и ги забележал трагите на насилство.
Трагата на крвта ја довела полицијата до бунарот каде што извршителите ги фрлиле телата на жртвите. Полицијата уапси петмина мажи и лекарот вештер кој ја обвини жртвата за убиство на девојка.
Според Државниот завод за криминални досиеја, во 2016 година, 134 луѓе беа убиени поради сомневање за вештерство.
Во 2013 година, е донесе закон според кој обвинението за магии и вознемирувањето на лице кое е осомничено за вештерство се смета за кривично дело за кое може да се добие до три години затвор.