Свет 07. август 2019. / 13:01

Илјадници патници останаа без летови: Проблеми во проверката на летовите на „Бритиш евејз“

Илјадници патници останаа без летови: Проблеми во проверката на летовите на „Бритиш евејз“

Проблеми во проверката на летовите на „Бритиш ервејз“ се појавија денеска на три лондонски аеродроми и предизвикаа проблеми кај илјадници патници, јави ДПА.

Авиокомпанијата предупреди дека ќе откаже и одложи летови додека се работи на решавање на проблемот, што се случува во екот на летната сезона на патувања во британската престолнина.

Суштината на проблемот се уште не е позната – изјави за ДПА портпаролката на „Бритиш ервејз“.

Со проблемот се зафатени аеродромите Хитроу, Гетвик и Лондон Сити.

Авиокомпанијата соопшти дека работи со мануелни резервни системи за проверка и ги повика патниците порано да пристигнуваат на аеродромите за нивните летови. Оттаму нагласуваат дека техничкиот проблем не е глобален компјутерски проблем.