Турските и американските воени власти размениле информаици и ја координирале акцијата во Идлиб, во Сирија, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.
– Пред американската операција од изминатата ноќ во провинцијата Идлиб дојде до размена на информации и кординација на воените власти на двете земји, се наведува во соопштението на Твитер од турското министерство.
ABD tarafından İdlib’e dün gece yapılan operasyon öncesinde askerî makamlar arasında bilgi alışverişi ve koordinasyonda bulunulmuştur.#MSB #TSK
— T.C. Millî Savunma Bakanlığı (@tcsavunma) October 27, 2019
Претходно, Сириските демократски сили (СДФ) кои се предводени од Курдите, соопштија дека соработувале со САД на „успешната“ акција против Исламска држава, мислејќи притоа, најверојатно, на извештаите за убиството на нејзиниот лидер Абу Бакр ал-Багдади.
Командантот на СДФ, Мазлум Абди, на Твитер наведе дека „историски успешната операција“ е резултат на заедничката разузнавачка работа со САД.
عملية تاريخية ناجحة نتيجة عمل استخباراتي مشترك مع الولايات المتحدة الأمريكية.
— Mazloum Abdî مظلوم عبدي (@MazloumAbdi) October 27, 2019
Во американската воена акција во Идлиб се верува дека е убиен лидерот на Ислмска држава ал-Багдади, пренесоа сите светски агенции, но засега нема официјална потврда за точноста на веста.