Седум Сиријци и еден Германец уапсени откако дрогирале и силувале 18-годишна девојка во Фрајбург, соопшти германската полиција.
Осомничените мигранти инаку и претходно ѝ биле познати на полицијата со оглед на тоа што веќе имале извршено низа на кривични дела.
Девојката во неделата на 14-ти октомври излегла во ноќен клуб во Фрајбург заедно со својата другарка, по што непознат маж ѝ понудил пијалок во кој што најверојатно имало дрога или силна доза на лекови за смирување.
Таа потоа била намамена да излезе од клубот со непознатиот маж кој ја турнал во паркот во близина и ја силувал. Тој потоа отишол во клубот и ги повикал своите пријатели кои што подоцна сите ја силувале.
Обвинителите открилее дека била пронајдена ДНК на 19-годишен Сириец кој што пристигнал во Германија во 2014-та година. Тамошните власти соопштија дека останатите мажи, кои што биле уапсени во изминатите неколку дена, биле помлади од 30 години и сите ѝ биле добро познати на полицијата поради низа на сторени кривични дела.