Властите во Германија денеска соопштија дека уапсиле турски државјанин поради силување и убиство на 14-годишно девојче, кое се водело за исчезнато повеќе од две недели.
Осомничен е и барател на азил од Ирак, кој е во бегство.
Телото на девојчето, кое исчезнало на 22 мај, е пронајдено вчера на периферијата на германскиот град Висбаден, пренесува АП.
Обвинителството денеска соопшти дека двајца мажи, 20-годишен Ирачанец и 35-годишен Турчин, кои живееле во тој град чекајќи одобрување за азил, се обвинети за силување и убиство на тоа девојче, во ноќта кога исчезнало.
Како што се наведува, се верува дека тие по убиството, заедно го закопале нејзиното тело.
Полицијата соопштила дека Ирачанецот кој е идентификуван како Али Басар, изгледа дека отпатувал со своето семејство назад во Ирак преку Истанбул. Тој исто така бил осомничен за низа други прекршувања во таа област во Германија.
Се верува дека тој во Германија стигнал во октомври 2015 година, на врвот на мигрантската криза и дека поднел жалба за одбивање на неговото барање за азил. Другиот осомничен, Турчниот, кој на полицијата претходно не му бил познат, е уапсен синоќа.
Полицијата во неделата соопштила дека 14-годишно момче, бегалец, дошло во станицата во Висбаден и реколо дека девојчето е силувано и убиено, а го навело и Ирачанецот како можен сторител.