Свет 15. јануари 2021. / 15:41

Холандската влада поднесе колективна оставка

Холандската влада поднесе колективна оставка

Холандскиот премиер Марк Руте и неговите министри поднесоа оставка заради лошо управување со субвенциите за детска нега, заради што според резултатите на истрага, повеќе илјади фамилии завршиле со финансиска пропаст, пренесува „Dutchnews“.

Во извештајот се наведува дека околу 10.000 фамилии морале да вратат повеќе десетици илјади евра од субвенции откако биле погрешно обвинети за измама, што довело до раст на невработеност, банкрот или разводи.

Притисокот на Владата да поднесе оставка беше зголемен овие недели бидејќи коалиционите партнери наведоа дека е неопходно посериозно да се разгледа оваа опција, а лидерот на опозициската Лабуристичка партија поднесе оставка поради својата улога во аферата.

Ова е прв пад на администрација од 2012 година кога тогашната Влада на чие чело исто така беше Руте поднесе оставка заради несогласување околу мерките за штедење. Кризата изби само два месеци пред парламентарните избори на 17 март.