Свет 24. ноември 2018. / 17:25

Хаос по улиците во Париз – полицијата се судри со демонстрантите

Хаос по улиците во Париз – полицијата се судри со демонстрантите

Полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите во Париз за време на протестот против зголемувањето на цените на горивото и незадоволство од претседателот Емануел Макрон. Полицијта спречи неколку стотици демонстранти кои се упатија кон Елисејската палата. Според медиумите, уличите сцени од судирот меѓу полицијата и демонстрантите се стравични. Горат возила, се фрлаат флаши врз силите за безбедност.

Протестите на авенијата Елисејски полиња станаа насилни, кога демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, поставен за да се заштитат знаменитостите во центарот на градот. Градот распореди повеќе од 3.000 полицајци, при што властите им забранија на таканаречените „жолти елеци“ да се собираат на некои локации, стравувајќи дека протестите би можеле да бидат злоупотребени од крајната десница.

Околу 30.000 демонстранти го повикаа Макрон да поднесе оставка, откако цената на дизелот скокна за 23% во последните 12 месеци. Некои демонстранти ја пееја националната химна, додека други носеа знамиња и извукаваа: “Макрон, Оставка” и “Макрон, крадец”.

Францускиот министер за внатрешни работи, Христоф Кастенер, повика на мир и најави остри полициски мерки во случај на немири. Околу 3.000 припадници на безбедносните сили се распоредени само во Париз.

Макрон застана во одбрана на одлуката за зголемување на цените на бензинот, во која се наведува дека оваа мерка е неопходно со цел да се намали зависноста од фосилни горива на Франција и најави дека на почетокот на следната недела ќе претстави нови планови за да се олесни “енергетската транзиција”.

Околу 280.000 луѓе учествуваа на протестите на повеќе од 2.000 локации низ цела Франција минатата сабота. Демонстрациите беа организирани од движењето „Жолти елеци“.