Палестинското движење Хамас, кое е на власт во Појасот Газа, го поздрави нападот во Ерусалим во кој се повредени 14 лица. Од Хамас го сметаат нападот за одговор на блискоисточниот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелската полиција соопшти дека води истрага за „терористички напад“, откако автомобил удри во група луѓе во Ерусалим при што беа повредени 14 лица.
– Операцијата за отпор во центарот на окупираниот Ерусалим е одговор на нашиот народ на планот на Трамп за уништување – се вели во соопштението на портпаролот на Хамас, Хазем Касем.
Меѓу 14 повредени, 12 биле израелски војници.