Свет 22. март 2018. / 12:35

Грција доби зелено светло за заем од 6,7 милијарди евра од Германија

Германскиот Парламент преку Буџетската комисија даде одобрение за доделување четврта транша од 6,7 милијарди евра за економска помош за Грција, објавија повеќе
грчки медиуми, пренесе МИА.
Против таа транша биле од Алтернатива за Германија и Либералите. Европските институции констатирале дека Грција реализирала 110 барања од мерките за реформи и дека поради таа причина, Владата во Берлин е согласна за деблокирање на следната транша.