Свет 18. април 2020. / 07:22

Градоначалникот на Лондон бара маските за лице да бидат задолжителни

Градоначалникот на Лондон бара маските за лице да бидат задолжителни

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, апелираше до британските власти да го прогласат носењето заштитни маски за задолжително за граѓаните кои се движат низ градот или излегуваат во продавиците или другите затворени простори.

Ова свое барање Кан го образложи со искуствата од цел свет што покажуваат дека маските помагаат во запирањето на ширењето на вирусот.

Во околностите кога не е можно да се оддржува социјална дистанца, во јавниот превоз или во продавница, на пример, треба да користиме барем медицински прекривки за лицата, како бандан марами, шалови или маски за повеќекратна употреба – изјави Кан за Би-Би-Си.

Во Њујорк, на пример, на жителите им е наредено да носат маски или нешто со што ќе ги заштитат очите и устата во било која ситуација во јавноста, кога не им е овозможено да бидат оддалечени едни од други на два метра.