Пожар избувна на колеџ во украинскиот град Одеса, каде што биле евакуирани 40 лица, а девет завршиле во болница. Според првичните информации, пожарот зафатил површина од 2.000 квадратни метри, пренесува „Танјуг“.
Евакуацијата продолжува бидејќи постои опасност од ширење на пожарот. Пожарот избувнал на третиот кат, од вкупно шест ката, на колеџот за економија, право и туризам.
? В Одессе горит здание колледжа. Площадь пожара составила более тысячи квадратных метров.#Одесса #Пожар pic.twitter.com/NKoe6vjlny
— Пятый канал Новости (@5tv) December 4, 2019