Свет 25. септември 2018. / 15:36

Гори теретана – 80 пожарникари го гаснат огнот

Гори теретана – 80 пожарникари го гаснат огнот

Теретана во североисточниот дел на Лондон е зафатена од пожар.

Од центарот Хајбари лејжер, ги повикале пожарникарите, пренесе ББС.

Дел од покривот е зафатен од пожар, а причината сеуште не е позната.

Пожарот го гаснат околу 12 пожарникарски возила со 80 пожарникари.