Државната противпожарна служба соопштила дека пожарот во близина на Гејзервил зафатил околу 4000 хектари, пренесе АП.
Од канцеларијата на шерифот на округот Сонома навеле дека е наредена евакуација.
Националната метеоролошка служба соопштила дека ветерот во највисоките подрачја на округот Сонома дуваат со брзина од 70 километри на час, а во другите делови меѓу 30 и 50 километри на час.