Свет 28. август 2018. / 11:33

Големи протести во Германија – шест лица повредени (ВИДЕО)

Големи протести во Германија – шест лица повредени (ВИДЕО)

Најмалку шест лица беа повредени синоќа при судир меѓу десничарските и левичарските демонстранти во источногерманскиот град Кемниц, а по убиството со расистичка позадина, јави ДПА.

Две лица настрадале од предметите кои ги фрлаа двете страни. Четворица учесници во десничарскиот протест беа повредени во напад, додека си заминувале од демонстрациите.

Смртта на 35-годишен Германец, избоден со нож од страна на мигранти во неделата, предизвика дводневни насилни протести.

Во врска со убиството, пред судот во Кемниц се појавија 23-годишен Сириец, и 22-годишен Ирачанец. Двајцата се во притвор. Обвинителите велат дека тие ја нападнале жртвата без добра причина. Уште две лица беа сериозно повредени во нападот.

Во синоќешните протести учествуваа 2000 десничарски и околу 1000 левичари на контра-протестите, а полицијата вложува напори да спречи судири меѓу двете групи.