Свет 29. октомври 2018. / 16:21

Големи протести во Германија откако мигранти силувале студентка

Големи протести во Германија откако мигранти силувале студентка

Денеска големи протести во германскиот град Фрајбург, откако група на мажи мигранти, сулувале 18-годишна студентка, пред две недели.

Антимигрантската партија Алтернатива за Германија (АфД) ги повика граѓаните да излезат на протести доцна во понеделник за да се побунат против злосторството , додека пак противниците на ултрадесничарите повикаа на контрапротест со цел да не се искористи ваквиот напад за создавање јавно мислење против сите мигранти.

Група мажи ја силувале студентката ноќта меѓу 13 и 14 октомври , когас е враќала дома од ноќен клуб во центарот на градот. Под истрага се седуммина Сиријци на возраст од 19 до 22 години и еден 25 годишен Германец, но полицијата смета дфека во силувањето учествувале поголем број мажи.

Најголемиот број од осомничените на фејсбук објавиле фотографии со калашникови.