Свет 01. јуни 2018. / 22:27

Голема трагедија: Убиен млад фудбалер (ФОТО)

Голема трагедија: Убиен млад фудбалер (ФОТО)

Голема трагедија се случи во Колумбија.

Фудбалерот Алехандро Пењаранда (24) е убиен во куќата на својот пријател Кристијан Борхе, играч на Толука де Мексико. Во пукањето е ранет соиграчот Еисен Искиреда.

Според првичните информации, додека пријателите биле во куќата, засега непознат маж упаднал и барал некоја жена. Бидејќи не го добил посакуваниот одговор пукал, а подоцна се дозна дека во куќата немало други лица.

Според последните информации, докторите се борат за животот на Искиреда.