Свет 15. март 2019. / 10:00

Го молев Бог да му снема куршуми – страшна исповед на преживеаните од нападот во Нов Зеланд

Го молев Бог да му снема куршуми – страшна исповед на преживеаните од нападот во Нов Зеланд

Луѓето бегаа, вратите биле затворени, а тој ги бркаше. Знаев дека немам шанси. Се сокрив под една клупа. Се правев дека не дишам. Менуваше муниција 7 пати, рекол Фарид Ахмед, еден од преживеаните во нападот во новозеландскиот град Крајстчерч во кој биле убиени најмалку 40 луѓе, а 20 ранети.

Австралискиот државјанин Брентон Тарант отворил оган во џамија, а крвавиот пир го снимал во живо на Фејсбук. Подоцна видеото било отстрането.

Уште еден верник кој го преживеал пукањето рекол дека имамот ја почнува молитвата кога го слушнале пукањето.

-Луѓето почнаа да бегаат и кога се вратив видов крв, сфатив за што станува збор, рекол тој.

Размислував за тоа дека мора во еден момент да му снема куршуми. Се молев на Бог: “Те молам Господе, те молам нека му снема куршуми”. Во еден момент сакав да излезам надвор и минав покрај маж кој седеше покрај ѕидот и кој ми порача дека е подобро да не излегувам. Се вратив, неколку моменти подоцна, напаѓачот дојде и го застрела токму тој човек. Го застрела во градите, рекол мажот кој сакал да остане анонимен.

Според полицискиот началник Мајк Буш тројца мажи и една жена се во притвор, но предупредил дека може да има уште осомничени кои му помагале на напаѓачот.