Турските власти го истражуваат исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, пренесе агенцијата Анадолија.
Портпаролot на владеачката партија Омер Челик истакна дека властите ќе откријат што се случило со изгубениот новинар и кој е одговорен за неговото исчезнување.
„Вакво исчезнување на новинар во безбедна земја како што е Турција е нешто што внимателно ќе го испитаме“, наведе тој.
Анадолија денеска наведе дека истанбулското обвинителство во вторникот започнало истрага, штом Кашоги исчезнал.
Инаку Кашоги (59) изчезна за време на престојот во саудискиот конзулат во Истанбул каде завршувал со документите околу венчавката со својата вереница Турчинка. Конзулатот тврди дека Кашоги ги напуштил нивните простории, а некои тврдат дека тој сеште се наоѓа внатре.
Тој за Вашингтон пост пишувал критички колумни за саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.