Германскиот суд го осуди хрватскиот државјанин Дражен Дакиќ поради убиство на својот 6-годишен син Дарио, момчето на својата поранешна сопруга, и нејзиниот роднина, на доживотна казна затвор.
Вештакот кој работел на овој случај рекол дека Дакиќ свесно и планирано го убил својот син и уште две лица и дека е способен за судење и дека разбира што сторил.
Додал дека смета и дек затворањето на обвинетиот во клиника за психички болни не е решение кога станува збор за казнување.
„Пореметувањето на личноста на обвинетиот не може да се лекува со лекови“ изјави вештакот и го опиша Дакиќ како манипулатор кој за сѐ ги обвинува другите.
„Тројца луѓе умре затоа што тој така сакал“, рекол обвинителот.
Тој во синот пукал од близина, што психијатарот го објаснува не само како израз на бруталност, туку и желба да покаже одлучност и сила да го исполни она што го планирал.
Обвинителот вели дека Дакиќ не можел да се помири со фактот дека Екатерина го остаила во февруари минатата година и избегала со нивниот син, заради закани.