Свет 05. јули 2019. / 19:55

Германката која на интернет објавуваше снимки од сечење на глави, денеска доби пресуда

Германката која на интернет објавуваше снимки од сечење на глави, денеска доби пресуда

Германка на возраст од 32 години, која е припадничка на Исламистичката држава, денеска е осудена на пет години затвор од судот во Штутгард.

Жената Сабине С. е осудена за членување во терористичка организација. Таа од 2013 до 2018 живеела во Ирак и во Сирија , каде се омажила за еден борец на ИД од Азербејџан.

Додека била таму, преку интернет се обидувала што повеќе луѓе да натера да се приклучат кон џихадистите. На својот блог редовно објавувала и видеа од отсекување глави на жртвите на терористите.

Сабине имала и оружје, за кое поминала обука како да ракува во воени услови, а била редовен учесник на егзекуциите.

Таа е уапсена во 2018 во Баден – Баден по враќањето во Германија. За време на процесот , се откажала од ИД и од исламистичката идеологија.