Свет 16. септември 2018. / 22:38

Германија: Свештеници силувале 3 677 деца – главниот кардинал шокиран

Германија: Свештеници силувале 3 677 деца – главниот кардинал шокиран

Главниот германски надбискуп денеска изјави дека е шокиран од податокот во извештајот за сексуална злоупотреба на деца од страна на свештенството , каде е наведена бројка од 3 677 злоставувани деца.

Околу 4,4 проценти од свештенството злоставувало деца и тоа за периодот од 1946 до 2014 бројот на сексуално злоупотребени децаа изнесува 3 677.

,,Депримирани сме , шокирани и осрамотени .” рече кардиналот Рајнхард Маркс, поглавар на германската Бискупска конференција. Тој смета дека нема да биде лесно да се залечат раните кај жртвите на насилството.

Извештајот деновиве дојде до рацете на магазинот ,,Шпигел” и неделникот ,,Цајт”. Во извештајот се наведува дека 62 проценти од жртвите биле момчиња, а 35 проценти девојчиња.

Повеќе од половината жртви имале најмногу 13 години во времето кога биле злоставувани од свештенството.

Само еден од шест случаи довел до обвинение за силување , а во најголем број случаи биле казнети со трансфер во друга парохија.

Извештајот го нарачала самата Црква , а резултатите треба да бидат објавени на црковниот собир на 25 септември.