Свет 12. декември 2019. / 13:01

Германија смета дека протерување на двајца германски дипломати од Москва било неправедно

Германија смета дека протерување на двајца германски дипломати од Москва било неправедно

Германија ја оцени како неправедна одлуката на Русија да протера двајца германски дипломати од Москва, што беше одговор на одлуката на Берлин минатата недела да прогласи двајца руски дипломати за „персони нон грата“.

Германија го најави протерувањето на двајца руски дипломати минатата недела поради одбивањето на Москва да соработува во истрагата за убиството на еден грузиски државјанин, за кое германските обвинители ги сомничат Русите или Чеченците.

– Германската Влада со жалење ја констатира одлуката на руските власти да прогласат двајца вработени во германската амбасада во Москва за „персони нон грата“. Tоа испраќа погрешен сигнал и е неправедно – наведуваат од германското Министерство за надворешни работи.