Во иднина на Фејсбук веќе нема да му биде дозволено да ги принудува своите корисници на речиси неограничено собирање податоци. Фејсбук соопшти дека ќе се жали на таквата одлука на Антимонополската комисија на Германија.
Антимонополската комисија на Германија, имено, се спротивстави на начинот на кој Фејсбук собира податоци за своите корисници и преку апликациите кои се во негова сопственост, Вацап и Инстаграм.
– Во иднина на Фејсбук веќе нема да му биде дозволено да ги принудува своите корисници на речиси неограничено собирање податоци – изјави шефот на Комисијата, Андреас Мунт.
Фејсбук соопшти дека ќе се жали на таквата одлука на Антимонополската комисија на Германија.
Во Германија месечно има 32 милиона Фејсбук корисници.