Германската влада минатата година за бегалци потрошила рекордни 23 милијарди евра.
Според агенцијата Ројтерс, која се повикува на интерни документи на германската влада, за олеснување на интеграцијата на над милион мигранти и за да ги укине причините за нивното бегство од родните земји потрошила 23 милијарди евра.
Тоа е за десет проценти повеќе отколку претходната година, се наведува во документите на Министерството за финансии. најмногу се зголемил трошокот за борба против причините поради кои мигрантите решиле да ја напуштат земјата на потекло и да стигнат во Германија.
Германија со 7,9 милијарди евра или за 16% повеќе од 2017 им помага на некои африкански земји за подобрување на условите за живот на граѓаните.
Во текот на 2015 и 2016 Германија прими рекорден број од над милион мигранти , најголем број од Сирија , Ирак и Авганистан. Минатите две години најголемиот број баратели на азил се од земјите на Африка.