Свет 21. април 2020. / 09:44

Германија ќе ги покрие трошоците за лекувањето тешко болни Европјани во Германија

Германија ќе ги покрие трошоците за лекувањето тешко болни Европјани во Германија

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, најави дека Германија планира да ги преземе трошоците за лекување на тешко заболените пациенти од вирусот Ковид-19 од ЕУ.

Министерот истакна дека ваквиот план е поттикнат од желбата Европа да биде обединета во периодот на кризата.

Во германските болници во моментов има повеќе од 200 тешко болни пациенти од други земји на ЕУ.

Шпан истакна дека Германија е во состојба и подготвена да прими уште пациенти и во моментов има барање за дополнителни 40 пациенти.

Ова е нашето разбирање за европската солидарност – истакна Шпан.

Министерството проценува дека трошоците за лекување може да изнесуваат околу 20 милиони евра.

Инаку, станува збор пред се за пациенти од Италија и Холандија.