Свет 12. декември 2019. / 14:12

Германија ја оцени руската одлука за протерување на двајцата дипломати како неправедна

Германија ја оцени руската одлука за протерување на двајцата дипломати како неправедна

Денеска Германија ја оцени како неправедна одлуката на Русија да протера двајца германски дипломати од Москва, што беше одговор на одлуката на Берлин минатата недела да прогласи двајца руски дипломати за „персони нон грата“.

Германија го најави протерувањето на двајца руски дипломати минатата недела поради, како што наведе, одбивањето на Москва да соработува во истрагата за убиството на еден грузиски државјанин, за кое германските обвинители ги сомничат Русите или Чеченците.

– Германската Влада со жалење ја констатира одлуката на руските власти да прогласат двајца вработени во германската амбасада во Москва за „персони нон грата” – наведува германското Министерство за надворешни работи.

Од таму додаваат дека „тоа испраќа погрешен сигнал и е неправедно“.