Свет 17. август 2018. / 12:34

Германија и Грција се договорија за враќање на мигрантите

Германија и Грција се договорија за враќање на мигрантите

Берлин и Атина постигнаа договор со кој Германија може да враќа баратели на азил во Грција, изјави
портпарол на германското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА

Претходно германската канцеларка Ангела Меркел најави интензивирање на депортацијата на мигрантите, на кои барањето за азил им е одбиено.

Христијанско-демократската унија, поради мигрантската политика на Меркел се соочува со бројни критики од страна на германската јавност.