Германското Министерство за надворешни работи го одби барањето на Руската амбасада во Берлин за конзуларен пристап до опозиционерот Алексеј Навални, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
„Нема одговор на прашањата поставени од руска страна преку политички дијалог или дипломатски канали. Одбиено е барањето на руската амбасада во Берлин за помош при обезбедување конзуларен пристап до Навални”, изјави дипломатскиот оддел, пренесува ТАСС.
Навални беше итно превезен во локална болница во симирскиот град Омск на 20 август, откако изгуби свест на лет од Томск до Москва. На барање на семејството тој беше прерлен на лекување во Германија. Неговите соработници обвинија дека Навални е отруен, што подоцна го потврди и Германија. Германските експерти соопштија дека кај Навални е откриен нервниот агенс Новичок. Москва демантира вмешаност и бара пристап до доказите.