Инцидентот во Мунстер, каде комбе влета во група луѓе германските власти веруваат дека не е терористички напад и дека возачот имал психички проблеми, објави весникот „Зидојче цајтунг“.
Наводно возачот бил средовечен Германец со психијатриска дијагноза. „Зидојче цајтунг“ наведува дека е претресен станот на осомничениот во потрага по екплозив.
Надлежните органи се уште не ги соопштија мотивите за нападот. Според информации од полицијата во возилото е пронајден сомнителен предмет, но нема детали за што станува збор. Се претпоставува дека возачот имал соученици кои побегнале од местото на настанот.
Три лица починаа, а над 20 се повредени. Според досегашните информации.