Свет 27. ноември 2019. / 10:33

Француските земјоделци тргнаа во блокада на Париз

Француските земјоделци тргнаа во блокада на Париз

Незадоволни од ниските цени на нивните производи, но и постојаните напади за начинот на нивната работа – користењето на пестицидите и на производството на месо, земјоделците одлучија да демонстрираат со нивните трактори и тргнаа во блокада на Париз, но и на други француски градови.

Целта на демонстрациите е да се зголеми притисокот пред трговските преговори со трговците на големо, откако неодамнешниот договор постигнат со посредништво на владата, не предизвика никакви видливи промени за земјоделците.

– Ние сакаме да дистрибуцијата ја игра играта, а не како што направи Лидл пред десет дена, кога мелен стек се продаваше 6,75 евро за килограм, што е голем скандал, Тоа е како кога Карфур продава литар млеко за 0,87 евра – изјави Кристиан Ламбер претседател на најголемиот синдикат на земјоделците ФНСЕА.

Околу 1000 трактори дојдени од регионот Горна Франција, Нормандија, Ил де Франс, Гранд Ест, Центр-Вал де Лоара и Бургундија Франш Компте се очекуваат на авенијата Фош во Париз. Некои од претставниците на синдикатите ги критикуваат и договорите за слободна трговија кои ги скучи ЕУ, со што ќе биде зголемен увозот на земјоделски производи, тие бараат средба со претседателот на републиката.

Земјоделците се незадоволни и поради тоа што постојано се покажани со прст, посебно сточарите, така од пред десетина месеци се забележани недозволени навлегувања во 50-тина фарми, а само минатиот викенд беа опожарени три земјоделски згради на производители на млеко, при што беа убиени 30 говеда.