Свет 26. октомври 2019. / 20:15

Франција воведе нови правила за електрични тротинети казни од 135 до 1.500 евра

Франција воведе нови правила за електрични тротинети казни од 135 до 1.500 евра

Француската влада одлучи да воведе нови правила за електрични тротинети  и  да им го „врати мирот на пешаците“, по бројните инциденти, па дури и смртните случаи што се случиле со ова возило, пренесува Б92.

Од  денеска  возачите на електрични тротинети  во земјава ќе треба да имаат  најмалку 12 години и нема да можат да возат на тротоарот, а до јули следната година ќе бидат ограничени и брзини, односно нема да можат да надминат 25 километри на час, пренесува Би-Би-Си.

Францускиот министер за транспорт, во изјава рече дека целта на новите правила е да се поттикне поодговорно користење  и да се врати мирот на пешаците, особено на оние најранливите – старите лица, децата и лицата со посебни потреби.

Новите правила подразбираат дека возењето на тротоарите ќе биде дозволено само во одредени области, мобилните телефони или слушалките не се дозволени при возење. Ако тротинет вози на прометни сообраќајници,  возачот ќе треба да носи безбедносен шлем и видлива облека. Секое прекршување на правилата подразбира казна од 135 до 1.500 евра.

Иако електричните тротинети  се повеќе популарни во Франција се случуваат многу инциденти – последниот се случи минатата недела во Бордо, кога еден млад човек загина , а девојче беше повредено по сообраќајна несреќа во која беа вклучени тротинети.