Свет 18. март 2020. / 10:24

Франција нема да дозволува влез за Британците затоа што недоволно се штитат од корона вирусот

Франција нема да дозволува влез за Британците затоа што недоволно се штитат од корона вирусот

Францускиот премиер Едуард Филип ја предупреди Велика Британија дека мора поодлучно да се бори против корона вирусот.

Италија, Шпанија и другите земји воведоа строги рестрикции. Но, Велика Британија и натаму не презема вистински мерки и продолжи ли така, тешко дека нејзините граѓани ќе ги пуштиме во Франција – изјави Филип.

Во Велика Британија во моментов има 1.950 заразени, а 67 луѓе починаа. Сепак, Борис Џонсон се уште не прогласил мерки слични на оние од остатокот на Европа, туку само на граѓаните им предложи одбегнување непотребен контакт со други луѓе и избегнување на турканици.

Франција од денеска е во целосна блокада, a слични потези повлекоа и Италија, Шпанија, Белгија и уште неколку земји од Европската унија. Лидерите на земјите од ЕУ преку видоеконференциска средба донесоа одлука за затворање на надворешните граници на Унијата на 30 дена.