Огромниот пожар кој неколку дена беснее во Калифорнија се гледа и од вселената.
НАСА објави фотографии од пожарот кој неколку дена беснее во Калифорнија, на кои се гледа како огнената стихија се шири.
Според најновите информации, во пожарот животот го загубија најмалку 25 лица, стотици се повредени, а изгорени се над 6 000 објекти.
Над 25.000 луѓе се евакуирани во северниот дел на државата, а на југот во близина на Лос Анџелес наредба за евакуација добиле уште 200.000 луѓе.