Свет 21. декември 2020. / 16:06

(ФОТО) Празни улиците на Лондон, 16 милиони луѓе во карантин

(ФОТО) Празни улиците на Лондон, 16 милиони луѓе во карантин

На неколку дена пред Божиќ, Лондон е град на духови. На улиците можат да се видат само работници, додека продавниците се затворени, а станиците напуштени.

Премиерот Борис Џонсон во саботата воведе остри нови ограничувања за Лондон и поголемиот дел од југоистокот, поради што повеќе од 16 милиони луѓе се наоѓаат во карантин.

Четвртото, највисоко ниво на предупредување стапи на сила во Лондон на полноќ, а луѓето беа принудени да останат во своите домови.

Во меѓувреме е пронајден нов вид коронавирус, поради што Велика Британија во голема мерка е отсечена од Европа, но и од светот.