Свет 24. октомври 2019. / 14:11

(ФОТО) Ова е возачот на камионот – идентификувани сите тела

(ФОТО) Ова е возачот на камионот – идентификувани сите тела

Мо Робинсон има 25 години, тој е од Портадуан, Северна Ирска. Утрово е уапсен под сомнение за кривичното дело убиство, бидејќи во приколката од каминот со кој управуваше беа пронајдени 39 мртви тела, а меѓу нив имаше и еден тинејџер.

Во приколката температурата изнесувала минус 25 степени, британските истражители ценат дека луѓето загинале од премрзнување.

Сè уште не е познат идентитетот на безживотните тела, британската полиција веќе почна со идентификација.

Камионот со 39 мртви тела е пронајден во Есекс. Возилото е регистрирано во Бугарија.

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, изјави дека камионот бил регистриран во Бугарија во 2017 и од тогаш возилото не било во државата.