Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека околу 250.000 луѓе бегаат од северозападниот сириски регион Идлиб кон Турција, додавајќи дека Анкара се обидува да ги спречи да ја преминат границата.
– Во моментот од 200.000 до 250.000 мигранти се движат кон нашите граници. Се обидуваме да ги спречиме во некоја мера, но тоа не е лесно. Тешко е и тие се луѓе – истакна Ердоган.
Во Турција живеат околу 3,7 милиони сириски бегалци, а се стравува од нов бран мигранти.
Во Идлиб, последната територија на бунтовниците, живеат околу три милиони Сиријци.