Свет 02. јануари 2020. / 13:47

(ФОТО) Големи редици за купување легализирана марихуана во Чикаго

(ФОТО) Големи редици за купување легализирана марихуана во Чикаго

Голем број жители на Чикаго на 1 јануари чекаа во ред за да купат марихуана, која од првиот ден во новата година во Илиноис се продава легално за рекреативна употреба.

Меѓу првите клиенти беше и заменичката на гувернерот на Илиноис, Џулијана Страттон, која купи гумени бонбони со марихуана. Таа рече дека администрацијата на Илиноис презела важен чекор напред со легализирање на канабисот.

– Тука сум за да го прославам големиот ден за Илиноис – порача Стратон.

Во Илиноис веќе беше легализирана употребата на медицинска марихуана и сега стана 11. држава што дозволува продажба и за рекреативна употреба.

Властите на Илиноис се надеваат дека до 2022 година оваа држава ќе заработи 250 милиони долари од продажба на канабис.

Клучен дел од новиот закон е амнестијата за оние кои имале мали правни проблеми со марихуаната. На последниот ден од старата година, амнестирани беа повеќе од 11.000 луѓе.