Свет 09. септември 2019. / 16:57

Фејсбук и Гугл ги отфрлија обвиненијата дека влијаеле на локалните избори во Русија

Фејсбук и Гугл ги отфрлија обвиненијата дека влијаеле на локалните избори во Русија

Интернет гигантите Фејсбук и Гугл се најдоа на удар на обвиненија од официјална Москва дека се мешале во вчера одржаните локални избори.

Москва ги обвини дека на самиот изборен ден Гугл И Фејсбук дозволиле објавуваљње политички огласи на своите платформи. Руската државна служба за надзор на комуникациите побара забрана на политички реклами за време на одржување на изборите.

Во посебни соопштенија Гугл и Фејсбук објаснуваат дека одговорноста за таквите објави е на страна на огласувачите.

Ние го поддржуваме одговорното политичко рекламирање и очекуваме тоа да биде во согласност со локалните закони – соопшти Гугл.

Фејсбук наведува дека „ќе размисли и ќе преземе соодветни активности“ доколку има информации за повреда на локалното законодавство.