Светскиот фармацевтски гигант, компанијата „Новартис“, е казнета за корупција и поткуп на доктори, болници и клиники во Грција и Виетнам.
Целта била на пациентите да им се препишуваат лекови од компанијата, како и да се користи нивната хируршка опрема, објави „Ројтерс“.
Министерството за правда на САД соопшти дека компанијата „Новартис Грција“ се согласила на договор што предвидува казна од 225 милиони долари.
Освен тоа, од компанијата се бара да плати дополнителни 112,8 милиони американски долари за намирување на трошоците за парницата, плус 8,9 милиони американски долари во казни.
Од компанијата, изјавиле дека се задоволни од постигнатиот договор.
Компанијата допрва ќе и се суди во Америка за поткуп на лекари, со цел да ги мотивираат да им ги препишуваат нивните лекови на пациентите.