Свет 05. јуни 2018. / 14:07

Евакуирано основно училиште во Берлин поради ,,закана”

Евакуирано основно училиште во Берлин поради ,,закана”

Германската полиција денеска соопшти дека спровела евакуација во учениците и вработените во едно основно училиште во Берлин, поради „закана“.

Во полициското соопштение објавено на Твитер се посочува дека училштето во берлинската населба Гезундбрунен е блокирано од полицијата и дека во тек е проверка на објектот.

Засега не се соопштени повеќе информации за целиот случај, како ни детали за природата на „заканата“.