Десет московски училишта се евакуирани додека се вршат испитувања дали има вистина во заканите за поставени бомби, соопштија од руската Служба за вонредни ситуации.
– Информации за закани со бомба примиле уште пет московски училишта, така што во моментов се проверуваат десетина училишта – изјави извор од службата за Тасс.
Во текот на денот итните служби прегледале десет други училишта во главниот град, а сите закани се покажале како лажни.
Заканите за поставени бомби пристигнале и на адресите на десетина московски судови, една детска болница, и во сите четири мосовски аеродроми, како и на железничките метро станици Кијевски, Ленингардски, Курски, Белоруски и Павелетски.
Ова е продолжување на бранот закани, за кои досега ќе се покажа дека се лажни, а заради кои во изминатите две недели беа прегледани приближно 3.000 згради, а евакуирани беа околу 300.000 лица.