Свет 08. јануари 2021. / 10:36

ЕУ обезбеди 300 милиони дополнителни дози на вакцини на Фајзер и Бионтек

ЕУ обезбеди 300 милиони дополнителни дози на вакцини на Фајзер и Бионтек

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во петокот објави дека Европската унија обезбеди дополнителни 300 милиони дози вакцина за коронавирус од компаниите Фајзер и Бионтек.

-Се осигуруваме дека Европејците имаат доволно дози на безбедни и ефикасни вакцини против Ковид-19, изјави Фон дер Лајен. Сега им овозможуваме на земјите од ЕУ да купуваат повеќе дози од првата вакцина одобрена во ЕУ. Тие сега можат да купат до 300 милиони повеќе дози од вакцината Фајзер и Бионтек, додаде таа.

ЕУ започна со вакцинирање кон крајот на декември со вакцини на компаниите Фајзер и Бионтек. Унијата првично нарача 200 милиони дози, а потоа одлучи да земе дополнителни 100 милиони во декември.